Барса со еден гол до трите бода кај Сосиедад! (ВИДЕО)

93

Со голот на Пјер – Емерик Обамејанг уште во 11.минута, Барселона успе да го победи Реал Сосиедад на негов терен со 0:1. Во просечен меч од 33.коло во Ла Лига вечерва во Сан Себастијан, во кој сепак имаше шанси и на двете страни, решавачкиот момент се случи во таа 11.минута кога по асистенцијата на Феран Торес, токму Обамејанг го постигна победничкиот гол.

Па така со оваа победа Барселона се искачи на втората позиција на табелата со 15 бодови помалку од лидерот Реал Мадрид, но и со меч помалку.

Сосиедад пак со овој пораз се чини дека полека, но сигурно ги губи шансите за пласман во Лигата на Шампионите.

ПретходноДокузовски му донесе трофеј на Пеќ
СледноМемфис надополни -26 поени во Минесота, Денвер и Јокиќ се пред елиминација