Билбао со 2:3 славеше победа на гости кај Кадиз во меч вечерва од 33.коло во Ла Лига. Победникот беше решен уште по првото полувреме кога беше 0:3. Гарсија уште во 3.минута го откри резултатот. Во 22.минута Муниаин зголеми на 0:2. Прво не успеа да реализира пенал, но одбиената топка од домашниот голман сепак ја смести во неговата мрежа. Десет минути подоцна веќе беше 0:3 со голот на Весга. На пауза можеше да се замине и со поубедливо водство, но голот на Вилијамс беше поништен од ВАР поради офсајд.
Во второто полувреме гостите како да го намалија темпото, па така Кадиз со голот на Перез во 56.минута успеа да намали на 1:3. Во 71.минута Билбао остана со играч помалку откако Весга доби втор жолт картон.
Тоа на Кадиз му помогна да се врати во мечот, па така во 87.минута Собрињо погоди за 2:3, а Негредо во 90.минута имаше зицер за 3:3, а потоа Фали ја погоди и стативата.
Сепак на крајот Билбао успеа да победи и да освои три големи бода.