Вардар се бори за „мајсторка“ за финале на одбојкарскиот плеј-оф

87

Одбојкарите на Вардар и Шкендија вечерва ќе го одиграат вториот меч од полуфиналето на домашниот одбојкарски плеј-оф. Првиот дуел во Тетово им припадна на тетовските „црвено-црни“ со пресврт во пет сета, па доколку денеска успеат да го совладаат Вардар во Скопје, уште вечерва ќе станат финалисти.

Вардар е пред предизвикот да возврати по поразот во Тетово и да се избори за трет решавачки меч на теренот на противникот. Инаку, од пред некој ден екипата на Струмица веќе обезбеди пласман во финалето и го чека својот ривал на патот кон новата титула, токму од вечерашната пресметка.

Прва лига (мажи), полуфинале (реванши)

Универзитет во Тетово – Струмица 47&72    1:3 (21:25, 25:23, 18:25, 20:25) / 0:2

Вардар – Шкендија  (0:1)             (денеска, 21.00, МРТ-3)

ПретходноГвардиола: Одиграме ли еднаш реми, Ливерпул е шампион
СледноДинамо (З) брзо реагираше и го назначи Анте Чачиќ за привремен тренер