Марин Докузовски продолжува да носи убави денови во редовите на Пеќ, кој благодарение на најуспешниот македонскиот стратег се препороди.
Докузовски со косовскиот тим ја освои регионалната Унике лига во која учествуваат екипи од Косово и од Албанија.
Во финалето Пеќ го доби косовскиот состав на Или со 87-72, кој беше бранител на трофејот во ова натпреварување.
Круната е кај Пеќ и Докузовски, кој по кој знае кој пат покажа дека е доктор во својата професија.