За првпат во историјата на францускиот куп, жена ќе го суди финалниот меч. Оваа година за финалето на Купот на Франција за главен судија на мечот е поставена Стефани Фрапар. Таа ќе ја дели правдата на дуелот меѓу Ница и Нант закажан за 7 мај на „Стад де Франс“ во Париз.
Фрапар од 2019 година е првата жена која почна да суди натпревари во француската елитна Лига 1. Нејзиниот прв натпревар во Лига 1 беше на 28 април 2019 година, кога судеше на натпреварот меѓу Амиен и Стразбур.