Се чини нема крај на глупостите и лудостите кога е војна. Па така фудбалскиот клуб Јакутск, по наредба на властите мораше да ги извади столчињата од трибините на стадионот само поради фактот дека тие биле во боите на знамето на Украина, поточно сино – жолти.
Јаккутс е клуб од градот Јакутск кој се наоѓа во Сибир, а ваа одлука наиде на огорченост не само кај фудбалските вљубеници во светот туку и кај самите фанови на клубот.
Инаку стадионот во Јакутск е со капацитет од 12.500 места и беше еден од најубавите во тој регион, а клубот со долга традиција. Сепак самиот клуб Јакутск веќе неколку години е со “замрзнат“ статус.