Сагата околу трансферот на Килијан Мбапе продолжува, одличниот фудбалер се уште се нема изјаснето каде ќе ја продолжи кариерата. Неговиот договор со ПСЖ истекува по крајот на оваа сезона, а веќе на големо се зборува дека има усмен договор со Реал Мадрид.
Сепак, богатите сопственици на ПСЖ не се откажуваат од одличниот фудбалер и на секој начин се обидуваат да го задржат во Париз.
На одлуката за иднината големо влијание ќе имаат и родителите на Килијан Мбапе, а радоста меѓу навивачите на францускиот тим стана поголема, откако неговата мајка Фајза Ламари отпатува за Доха.
Многумина во ова гледаат како јасен знак дека преговорите со ПСЖ се во завршна фаза и дека Килијан би можел да потпише нов договор.
Наскоро ќе видиме како ќе заврши една од најголемите саги во изминатиот период. Мбапе и натаму молчи од почит кон ПСЖ, сака прво да заврши сезоната, а потоа да ја соопшти својата одлука.