Преселбата продолжува: Вардар како домаќин ќе ја пречека Беса на „Автокоманда“!

734

Вардар ја продолжува преселбата кога треба да биде домаќин. Ако досега сезонава во ВМФЛ – ЗАПАД ги користеше стадионот“Борис Трајковски“, потоа стадионот на ФФМ, ретко Арената “Тодор Проески“, ете дојде момент да побара нов стадион. Па така в сабота во меч од 24. коло, вардарци против Беса ќе бидат домаќини на стадионот на „Автокоманда“ во Скопје, стадион на ФК Скопје.

Имаат среќа што „пиратите“ утре му гостуваат на Работнички на Арената, инаку тешко дека ќе го добиеја и овој терен или овој стадион на користење како домаќин на еден меч.

Според оние што добро ги познаваат приликите во и околу Вардар, нашиот најтрофеен клуб кој сезонава игра во ВМФЛ – ЗАПАД, за првпат на “Автокоманда“ ќе биде домаќин во еден официјален натпревар.

ПретходноИХФ ПОТВРДИ: Македонија е домаќин на СП за кадетки ова лето
СледноСудот во Мадрид пресуди во корист на УЕФА: Барса, Реал и Јуве можат да се соочат со санкции