Клоп: Играме речиси без престан, но тоа ни се допаѓа

157

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп на денешната стандардна прес конференција истакна дека и тој но и останатите во клубот, уживаат во фактот што се во игра за освојување на четири трофеји сезонава.

„Редси“ имаат важни натпревари на неколку дена, а само оваа недела Ливерпул треба да игра во две од најголемите клупски дербија во историјата. Откако во вторникот тимот на Клоп го совлада Манчестер Јунајтед со 4-0, два дена подоцна тимот ќе игра против Евертон во дербито на „Мерсисајд“.

„Фирмино е се подобар и подобар. Остануваат уште два дена, па можеби ќе биде во групата. Немаме други проблеми. Не можам да се сетам на дерби кое никогаш не било важно. Игравме со Јунајтед во средината на неделата, но реално зборуваме за мечот со Евертон цела недела. Да не заборавиме, сепак, по него има и други натпревари.Не очекував да го освоиме Карабао купот, да бидеме во финалето на Фа купот, да бидеме на бод од врвот во Премиер лигата и да се пласираме во полуфиналето на Лигата на шампионите. Сепак, знаев дека сигурно ќе бидеме подобри од минатата сезона. Потоа имаше многу моменти кога мислев дека нема да успееме да се пласираме во Лигата на шампионите. Распоредот е исклучително напорен. Играме скоро цело време, но вистината е дека ни се допаѓа оваа ситуација. Не можеме ништо да планираме бидејќи сме константно на терен. Една титула од освоивме, но има уште три пред нас“ – изјави Клоп.

 

ПретходноРеми на вториот тест со Турција
СледноСалах околу новиот договор: Не се работи само за пари