Лоша вест од Италија: Дијамантот е повреден…

1019

Лоши вести од Наполи. Македонскиот фудбалски Дијамант Елиф Елмас е повреден и најверојатно нема да настапи на неделниот меч за својот Наполи на гостувањето кај Емполи.

Македонецот има болки во пределот на тетивата, утринскиот тренинг не го одработил, туку престојувал само во теретана.

Оваа вест е официјална од страна на Наполи, и како што велат одтаму, се надеваат дека по кусиот одмор се ќе биде во ред со Дијамантот, но исто така напоменуваат дека можно е Елмас да го прескокне мечот со Емполи.

ПретходноЕкс – стратегот на Шкендија си “лапна“ од Бугарите 100.000 евра!
СледноЛегендарниот Киелини го напушта Јувентус и заминува во МЛС