Лос Анџелес Лејкерс бараат нов тренер кој ќе ги врати на шампионските патеки, а во меѓувреме легендарниот Шекил О’Нил се понуди да помогне. Некогашниот кошаркар на Лејкерс се понуди да биде нивен тренер, но има еден услов.
За „Тhe Big Podcast“ четирикратниот НБА шампион објасни што бара од Лејкерс.
„Ќе ги тренирам… Ако ми понудат четиригодишен договор и плата од 25 милиони долари годишно“, вели О’Нил.
Она што го бара легендарниот кошаркар е повеќе од двојно од најплатениот тренер во НБА лигата Грег Попович кој имаше годишна плата од 11 милиони долари, пренесува сајтот TMZ