Азиските игри 2022 кои треба да се одржат во Кина може да бидат одложени, соопштија организаторите на настанот поради се поголемиот број на случаи со коронавирус. Азиските игри кои се еден вид на мини Олимписки игри, во кои учествуваат само азиските земји треба да се одржат во септември во Хангжу, но поради тоа што коронавирусот во изминатиот период се шири низ државата може да дојде до нови рестрикции и откажување на голем број на настани меѓу кои и Азиските игри.
„Се уште нема официјално соопштение, но постои можност Игрите да бидат одложени. Ќе ја следиме ситуацијата и ќе донесеме одлука“, изјави генералниот директор на Олимпискиот совет на Азија, организатор на Игрите.
Во моментов Шангај е најпогоден од ковид пандемијата, па се преземени мерки за карантин и ограничувања на движењата на луѓето. Хангжу е на 200 километри од Шангај треба да се одржат од 10 до 25 септември и е третиот кинески град по Пекинг 1990 и Гуангжу 2010 кој ќе биде домаќин на Игрите.
На Азиските игри се опфатени 37 спортови.