Вахид не попушта и по цена на отказ: Зијех и Мазрауи нема да играат на СП 2022

666

Вахид Халилхоџиќ нема намера да попушти во случајот со Хаким Зијех и Нусаир Мазрауи. Офанзивниот играч за врска и десниот бек не се добредојдени во репрезентацијата на Мароко, вели селектор Халилхоџиќ, кој е свесен дека во Мароко мо подготвуваат смена токму поради овој случај.

„Ако некој играч одбива да тренира, одбие да игра и лажира повреди, тогаш тоа е крај на приказната“, изјавил Халилхоџиќ за босанските медиуми. Тој уште еднаш потврди дека не планира да ги повика овие двајца во тимот кој ќе игра на Светското првенство во Катар.

Претседателот на мароканската федерација, Фузи Лекјаа, изјави дека вратата останува отворена за сите играчи и дека сака да ги „поправи“ проблемите за Зијех и Мазрауи, за тие да можат повторно да се стават на располагање на националниот тим.

„Репрезентацијата е нешто свето, кое не им припаѓа на играчите, туку на целиот народ. Ако некој се однесува вака, тоа е крај на приказната за мене и не сакам повеќе да зборувам за тоа. Тоа е моја одлука. Ако некој мисли поинаку, тоа е негова работа“, дециден е Халилхоџиќ.

ПретходноПадна државниот рекорд во скок во далечина за пионери стар 43 години
СледноВерстапен ќе стартува прв на спринт трката на Имола