Верстапен ќе стартува прв на спринт трката на Имола

177

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен постигна најбрзо време во квалификациите пред спринт трката во Формула 1 на патеката во Имола. Актуелниот светски шампион до 14. пол-позиција во кариерата стигна со време 1:27.999 минути. Втората позиција на спринтерска трка ќе ја има возачот на Ферари, Шарл Леклер, кој е водечки во шампионатот по три трки.

Третото место го зазеде Ландо Норис од Мекларен, четврти ќе тргне Кевин Магнусен од Хаас, додека петтото место го зазеде пилотот на Алпин, Фернандо Алонсо.  Од шестото до десеттото место се најдоа Даниел Рикардо, Серхио Перез, Валтери Ботас, Себастијан Фетел и Карлос Саинс.

Возачите на Мерцедес Џорџ Расел и седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон квалификациите ги завршија на 10-то, односно 13-тото место, што ги потврди проблемите што ги имаат од почетокот на сезоната.

Квалификациите беа прекинувани петпати со црвени знамиња. Првиот пат поради отпаднати делови од болидот на возачот на Вилијамс, Александар Албон., а потоа поради излетувањето на возачот на Ферари, Карлос Саинц.

Во завршниот дел, квалификациите трипати беа прекинати поради излетувањата на Магнусен, Норис и возачот на Алфа Ромео, Валтери Ботас.

Спринт трката на патеката Имола ќе се вози во сабота од 16.30 часот, а бодовите ќе ги освојат осумте најбрзи возачи. Од саботната трка ќе се одредува и пласманот пред трката за Големата награда на Емилија Ромања, која на програмата е в недела од 15 часот.

ПретходноВахид не попушта и по цена на отказ: Зијех и Мазрауи нема да играат на СП 2022
СледноПокетино: Ако Мбапе остане, ќе го носам со мене на одмор