НБА ја објави листата на најпродавани дресови за втората половина од сезоната 2021/22. Резултатите се базирани на продажбата на дресови на специјализираната онлајн продавница NBAStore.com од 13 јануари до 10 април.
На врвот на најпродавани е дресот на Леброн Џејмс (ЛА Лејкерс), с по него оние на Џејмс Харден (Филаделфија), Стивен Кари (Голден Стејт) и Кевин Дурент (Бруклин).
Во ТОП 15 најпродавани се најдоа и дресовите на Лука Дончиќ и Никола Јокиќ.
Топ 15 популарни НБА дресови:
- Леброн Џејмс (ЛА Лејкерс)
- Џејмс Харден (Филаделфија)
- Стивен Кари (Голден Стејт)
- Кевин Дурент (Бруклин)
- Џејсон Тејтум (Бостон)
- Џоел Ембид (Филаделфија)
- Јанис Антетокунбо (Милвоки)
- Лука Дончиќ (Далас)
- Џа Морант (Мемфис)
- Кајри Ирвинг (Бруклин)
- Треј Јанг (Атланта)
- Клеј Томпсон (Голден Стејт)
- Девин Букер (Феникс)
- Ламело Бол (Шарлот)
- Никола Јокиќ (Денвер)