Иако медиумите најавија дека Лука Дончиќ полека се рехабилитира од повредата на мускулот на десната нога и ќе се врати, конечно, за првата рунда од плеј-офот, сепак, тренерот на Мавс, Џејсон Кид, вели дека статусот на првата ѕвезда на тимот е „непроменет“ и за четвртиот меч со Јута.
Тоа значи дека словенечкиот кошаркар најверојатн ќе го пропушти и вториот меч на гости во Солт Лејк Сити.
Инсајдери од НБА потврдуваат дека Далас планирал да игра со Дончиќ на четвртиот меч против Јута по секоја цена, но само ако загубеа во мечот бр. 3. Со оглед на тоа што Далас изненадувачки победија и поведоа со 2:1 во серијата, Кид и лекарскиот конзилиум дале совет Дончиќ да одмори уште некој ден, за да не се става во непотребен ризик.