Легендарниот Киелини го напушта Јувентус и заминува во МЛС

71

Јувентус во летниот преоден рок освен за лево крило ќе треба да мисли да ја засили и одбраната бидејќи покрај Паоло Дибала, од клубот заминува и капитенот Џорџо Киелини. Дибала заминуа, а Јувентус веќе контактирал со Анхел ди Марија кој би бил краткорочно решение за левата крилна позиција.
Но одбраната ќе биде проблем за Јуве. Киелини, долгогодишниот столб во одбраната ќе го напушти клубот на крајот на сезоната и најверојатно ќе замине во американската Мејџор Сокер Лига.
Бонучи ќе остане до 2024 година, но и тој е на залезот на кариерата, па Јуве мора да почне сериозно да ја среди одбраната. Се шушка дека левиот бек Емерсон Палмиери од Лион е на списокот на потенцијални засилувања, но за централен бек засега нема се уште детални информации. Се споменува Антонио Ридигер, но за него има огромен интерес…

ПретходноЛоша вест од Италија: Дијамантот е повреден…
СледноПројковска ќе биде дел од судиската четворка на меч на ПСЖ во Лигата на Шампионите!