Падна државниот рекорд во скок во далечина за пионери стар 43 години

298

Вчера во Скопје се одржаа 7-миот по ред турнир во скокачки дисциплини и штафетно трчање. На него беше соборен пионерски рекорд во скок во далечина и тоа по цели 43 години.

Новиот пионерски рекордер во скок во далечина е Брајан Авија од атлетскиот клуб „7ми Мај“ кој победи со скок од 6 метри и 34 сантиметри.

Рекорд кој претходно беше постигнат од Васил Бачовски во далечната 1979 година беше со должина од 6 метри и 23 сантиметри, што значи дека Авија успеа да го подобри за цели 11 сантиметри.

ПретходноЈончевски повеќе не е тренер на КК Гостивар
СледноВахид не попушта и по цена на отказ: Зијех и Мазрауи нема да играат на СП 2022