Падна светски рекорд: Мечот Барселона – Волфсбург во женската ЛШ го гледаа 91.648 гледачи!

533

На денешниот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампионите во женска конкуренција беше поставен светски рекорд за посетеност на фудбалски натпревар во женска конкуренција.

Полуфиналето од Лигата на шампионите меѓу Барселона и Волфсбург (5:1) на „Камп Ноу“ го  следеа 91.648 гледачи, што е нов светски рекорд.

Претходниот рекорд беше поставен исто така на натпревар на Барселона, одигран на 30 март во Лигата на шампионите против Реал Мадрид (5:2) на кој дојдоа 91.553 гледачи.

ПретходноМората искрен: Во Јуве останав само поради Алегри
СледноДончиќ и Јокиќ во ТОП 15: Кој е најпродаваниот дрес во НБА оваа сезона?