ПМФЛ: “Пандевци“ сакаат во Европа, нека му ја мисли Брегалница… скопска пресметка на Арената

254

 

Попладнево од 16 часот со двата меча во Струмица и Скопје, се отвора Велигденското 29.коло во ПМФЛ. Преостанатите мечеви се играат утре, исто така од 16 часот.

А денеска фудбалска фешта во Струмица. Академија Пандев ја дочекува Брегалница. Тоа е битка истокот, тоа е големо дерби на истокот. Сепак се знае кој е кој во моментов,кој игра за излез во Европа, а кој игра колку да игра оваа пролет.

“Пандевци“ се силни, знаат да играат на резултат, кога се расположени да направат и гол – шоу за публиката. Па затоа нека му ја мисли Брегалница што ја чека денеска во Струмица на стадионот “Благој Истатов“. Струмичани со нова победа сакаат да го задржат тоа второ место на табелата.

На Арената во Скопје домашниот Работнички во градската пресметка со “пиратите“ посакува враќање на победите. По двете стартни победи под водство на Стојан Игњатов и неговиот соработник на клупата Вангел Алтипармаковски, дојде поразот во Ѓорче. Секако дека “романтичарите“ се фаворити на овој меч. Сепак, сепак треба да се знае дека на последниот натпревар кога играа две екипи на Арената, победи тимот од Автокоманда. Работнички врати со триумф на гости исто со 0:1.

Дали ова нешто значи…останува да се види.

Претходно„Ако Лаказет сака да игра во ЛШ нека оди во Партизан или Панатинаикос“
СледноАзиските игри 2022 може да бидат одложени поради Ковид