Полувреме во ПМФЛ: “Пандевци“ водат во дербито на истокот, без голови на Арената…

272

Завршија првите полувремиња од двете попладневни средби од 29.коло во ПМФЛ. Во Струмица, во дербито на истокот, домашниот состав подобар од Брегалница, има и водство од 1:0 со голот на Бојан Димоски во 17.минута. Академија Пандев во целост го контролира мечот, има и водство како што рековме.

На Арената “Тодор Проески“ во Скопје, на мечот меѓу Работнички и Скопје резултатот по првите 45.минути е 0:0. Игра под прволигашкиот просек, без многу шанси, само по со по една закана и со многу тактика. Јаневски можеше во 10.минута со лоб удар да го изненади домашниот голман Мустафа, додека на другата страна Рушевиќ имаше шанса за водство на Работнички.

ПретходноПретседателот на Шкупи: Во БиХ бев опкружен со лопови, во Македонија работите се поинакви!
СледноВерувај во процесот: Феникс им даде „одврзани раце“ – Митревски, Хот и Петков трио кое ветува!