Преговорите за нов договор меѓу Мохамед Салах и Ливерпул не се одолговлекуваат само поради пари, изјави египетскиот напаѓач во интервју за магазинот „FourFourTwo“. Актуелниот договор на напаѓачот истекува летото 2023 година, а според британските медиуми двете страни се многу блиску до потпис кој ќе го задржи играчот на Енфилд до крајот на кариерата.
“Имам уште една година од актуелниот договор. Навивачите многу добро знаат што сакам и не се работи само за пари. Овој клуб ми значи многу и ми се допаѓа овде повеќе од било каде друго. Давам се за Ливерпул, а мислам дека тоа е очигледно. Тука сме како семејство“, изјави тој за „FourFourTwo“.
Салах, кој постигна повеќе од 150 гола за Ливерпул по трансферот од Рома во 2018 година, има намера да остане кај „црвените“ и следната сезона, без разлика на напредокот на преговорите. “Не сум загрижен. Сезоната се уште не е завршена и во моментов е во преден план само тоа. Ќе видиме што ќе се случи понатаму”, додаде Салах.