Сити или Ливерпул, кој до титулата? Еве кој со кого до крајот!

513

Во вторникот лидер на табелата во Премиер лигата беше Ливерпул, а во четврток Манчестер Сити. Шампионската трка во Премиер лигата одамна не била вака возбудлива, два тима кои се во одлична форма се менуваат на врвот. По 32 одиграни натпревари Манчестер Сити има 77 бодови, Ливерпул 76, а до крајот двата тима ќе одиграат по шест натпревари.
Двата меѓусебни дуели сезонава, на „Енфилд“ и на „Етихад“ завршија со идентични 2:2, па во случај двете екипи да бидат бодовно изедначени тогаш шампионот ќе го одлучи гол разликата. А моментално таа е во корист на Ливерпул – тимот на Јирген Клоп постигна 83, а прими 22 гола, додека „граѓаните“ 75 пати стрелаа во противничкиот гол, а притоа примија 20 гола.

Актуелниот шампион во наредното коло ќе игра на домашен терен против Вотфорд, потоа следи гостување кај Лидс, а тој меч, по распоредот е помеѓу двата меча со Реал Мадрид во полуфиналето на ЛШ. Кога ќе заврши полуфиналето на ЛШ, следуваат четири меча во Премиер лигата. Првиот е дома со Њукасл, а потоа две гостувања, кај Вест Хем и Вулверхемптон и во последното коло игра со Астон Вила на домашен терен.

Ливерпул во следното коло на „Енфилд“ ќе игра против градскиот ривал Евертон. И „црвените“ ќе играат полуфинале на ЛШ со Виљареал, а меѓу тој меч ќе му гостуваат на Њукасл. Потоа следуваат Тотенхем на домашен терен, па гостувања кај Астон Вила и Саутемптон и во последното коло играат дома со Вулверхемптон.

ПретходноЛапорта со коментар на социјалните мрежи: Халанд – НЕ! Левандовски? ДА!(ВИДЕО)
СледноАкадемијата дома без проблеми, Јаневски за триумф на Скопје на „Арената“ (ВИДЕО)