Скај Спортс: Се подготвува егзодус во Јунајтед, Тен Хаг го доби буџетот за новата сезона

943

Ерик тен Хаген ќе го води Манчестер Јунајтед следната сезона, потврди клубот од „Олд Трафорд“. Договорот е потпишан на три години со можност за продолжување на истиот на уште една сезона.

Веќе е позната и сумата со која новиот предводник на „црвените ѓаволи“ ќе располага за време на летниот преоден рок. Холандскиот стручњак ќе има буџет од 200 илијади фунти за составување на тим кој ќе има многу подобра сезона од оваа.

Покрај сумата „Sky Sports“ открива дека ова лето се подготвува егзодус во Јунајтед. Ќе си заминат дури 12 играчи, а меѓу нив се Погба, Матиќ, Лингард, Кавани, Мата и Ли, под знак прашалник се Бисака, Бејли, Џонс, Телс, Марсијал и Рашфорд.

Дефинитивно „црвените ѓаволи“ не само што ќе гаат нов стил на игра, туку и ќе бидат во еден поинаков состав, доколку се исполнат најавите за сите овие заминувања.

ПретходноАзиските игри 2022 може да бидат одложени поради Ковид
СледноСалах отворено за Ливерпул: Денот кога ќе си одам…