Барселона ја совлада Сосиедад со 1:0 во Ла Лига, а тренерот Чави зборуваше дека Барса одиграла лошо но на крајот победила што е нешто ново во неговиот тим.
„Овој меч не стави во непријатна ситуација како на дуелот со Виљареал. Противникот ја имаше топката во посед во поголемиот дел од мечот, а ние не можевме да излеземе од својата половина. Сосиедад е одличен тим. Да бидам искрен тие заслужија повеќе, барем бод во второто полувреме“, вели Чави.
„Изморени сме, а забележавме важна победа. Минатата недела беше долга и мачна исполнета со жалење, па така овој триумф е добар за нас. Емотивно сме скршени. Но тоа што Барселона се бореше за посакуваниот резултат без да игра добро е нешто ново“, вели тренерот на Барса.
Барселона имаше 44,3% посед на топка на мечот со Сосиедад. Во претходните 17 сезона само еднаш во Ла Лига процентот бил помал – на мечот со Бетис во 2019 година (44%).