Конте сака шест нови играчи во Тотенхем

302

Менаџерот на Тотенхем Антонио Конте сака да го засили тимот со шест нови играчи ова лето, пренесува „Телеграф“. Италијанскиот стратег ќе бара нов централен бек, десен бек, двајца халфови, напаѓач и резервен голман. Освен тоа клубот речиси сигурно ќе го земе за постојано Дејан Кулушевски кој моментално игра како позајмен од Јувентус. Швеѓанецот со македонски корени задоволи откако дојде и од клубот одлучиле да го задржат.

На списокот на потенцијални засилување се десниот бек на Нотингем Форест Џед Спенс, централниот бек на Торино Глејсон Бремер, како и халфот на Брентфорд Кристијан Ериксен, кој може да се врати во Тотенхем, каде помина поголем дел од кариерата.

Во моментов резервен голман е Пјерлуиџи Голини кој е под наем од Аталанта. Контер не е задоволен од сонародникот и ќе го врати назад. Тој насочил поглед кон Сам Џонстон од ВБА кој може да биде донесен како слободен играч.
Во исто време клубот планира да се раздели со некои непотребни играчи кои сезонава се пратени на позајмици, Танги Ндомбеле, Брајан Хил и Џовани Ло Селсо, како и крилото Стивен Бергвајн кој не добива многу минути сезонава.

ПретходноШекил О’Нил: Ќе ги тренирам Лејкерс, ако ми дадат 100 милиони долари за 4 години!
Следно„Ако Лаказет сака да игра во ЛШ нека оди во Партизан или Панатинаикос“