Монако направи „брејк“ во четвртфиналето против Олимпијакос

68

Кошаркарите на Монако израмнија на 1-1 во победи во четвртфиналната плеј-оф серија во Евролигата. Вечерва на гости во Атина, Французите славеа над Олимпијакос со 96:72 и на заминување кон дома успеаја да направат еден „брејк“.

Олимпијакос лесно поведе со 1:0 во серијата пред своја публика во петокот, но во вториот натпревар Монако одигра многу подобро и заслужено израмни на 1:1 во партии.

Џејмс со 23 поени беше најефикасен кај Монако, додека кај Олимпијакос Везенков постигна 14. Следниот меч од серијата е на програмата во среда од 21 часот на теренот на Монако.

ПретходноКастровили паузира најмалку осум месеци
СледноЈончевски повеќе не е тренер на КК Гостивар