Напаѓачот на Јувентус, Алваро Мората, призна дека имал намера да го напушти тимот во јануари, но тоа не се случи по разговорот кој го имал со тренерот Масимилијано Алегри.
„Имаше многу опции и разговарав со тренерот бидејќи поминував низ нешто што веќе ми се случи во неколку екипи. Не сум физички напаѓач и ми треба простор за да трчам. Меѓутоа, тој ми кажа дека ќе дојде друг напаѓач (Душан Влаховиќ) и дека ќе играм зад него. Така беа затворени сите врати“, започна тој.
„Мојата иднина? Имам среќа што мојата сопруга и децата се подготвени да размислуваат за мојата среќа. Тие го разбираат ова и се што сакаат е да бидат добро. Среќна сум што Алис ме поддржува во сите мои одлуки и јас исто. Додека ние сме заедно можеме да одиме секаде, дури и на Месечината“, изјави Мората.