На денешниот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампионите во женска конкуренција беше поставен светски рекорд за посетеност на фудбалски натпревар во женска конкуренција.
Полуфиналето од Лигата на шампионите меѓу Барселона и Волфсбург (5:1) на „Камп Ноу“ го следеа 91.648 гледачи, што е нов светски рекорд.
Претходниот рекорд беше поставен исто така на натпревар на Барселона, одигран на 30 март во Лигата на шампионите против Реал Мадрид (5:2) на кој дојдоа 91.553 гледачи.
We did it again! 🆕 WORLD RECORD! pic.twitter.com/IQMABN7akk
— FC Barcelona (@FCBarcelona) April 22, 2022