Пројковска ќе биде дел од судиската четворка на меч на ПСЖ во Лигата на Шампионите!

394

Уште едно ново, големо признание за Ивана Пројковска, нашата најдобра судијка на фудбалските терени. Откако и официјално се објави дека таа ќе биде дел од ЕП за жени во Англија 2022 година, сега таа е делегирана за меч во женската Лига на Шампиони, и тоа на средбата меѓу Лион и ПСЖ, инаку прва средба од полуфиналето во ова натпреварување. Меч кој се игра в недела.

Пројковска ќе биде четврти судија. Главна ќе биде Ивана Маринчиќ од Хрватска, нејзе ќе и помагаат Сташа Шпур од Словенија и Сања Роџак – Каршиќ од Хрватска.

ПретходноЛегендарниот Киелини го напушта Јувентус и заминува во МЛС
СледноДончиќ во едно поинакво издание: Скокаше покрај теренот, ги нервираше фановите на Јута (ВИДЕО)