Салах отворено за Ливерпул: Денот кога ќе си одам…

499

Мохамед Салах и Ливерпул и натаму не пронајдоа заеднички јазик. Салас смета дека заслужува да биде меѓу најплатените играчи во Премиер-лигата со што ќе ја наруши хиерархијата во редовите на „црвените“.

Египќанецот одново зборуваше на оваа тема.

„Не знам што ќе биде имам уште година дена од договорот. Мислам дека секој навивач на Ливерпул знае што сакам, но не се само парите. Не знам навистина што ќе биде, добро е позната мојата желба“, рече Салах, кој рече дека се гледа во дресот на Ливерпул и следната сезона.

„Да, секако. Освен ако не сакаат од клубот да се решат од мене“.

Доколку дојде до разделба, истата според него ќе биде тешка.

„Секако дека ќе биде тажен ден. Да се игра пред таква атмосфера, да имаш голема поддршка, со толку многу транспаренти, песни, навивачи ми пејат секој меч…ќе биде многу тажен момент“.

Тој не заборави да потенцира што значи Ливерпул за него.

„Овој клуб ми значи многу, тука уживав на теренот. Дадов се од себе за Ливерпул, сите тоа го знаат. Доживеав неверојатни моменти, освојував трофеи, индивидуални признанија, постигнав многу голови. Ливерпул е како семејство“.

Салах наскоро ќе наполни 30 години, но тоа не влијае на неговата игра.

„Не размислувавм на тоа. Прашав одредени играчи дали годините влијае на нив и дали се чувствуваат различно. Јас се чувствувам одлично. Уживам во својот живот и својата кариера, мислам дека ништо нема со годините. Некои играчи ја продолжија својата кариера, и натаму се одлични и после 32, 33…како Левандовски, Бензема, Меси, Роналдо, Ибрахимовиќ…Сите тие играат одлично“.

ПретходноСкај Спортс: Се подготвува егзодус во Јунајтед, Тен Хаг го доби буџетот за новата сезона
СледноЈоновски доби нов договор, во Интерактив останува до 2024 година!