Секоја чест за Хрватот: Иван Ракитиќ е ГОЛЕМ човек! (ВИДЕО)

643

Дека е фудбалска легенда, дека е еден од најдобрите фудбалери на овие простори во изминатите 10-15 години тоа го знаеме, но дека е навистина ГОЛЕМ ЧОВЕК се уверивме синоќа по мечот Леванте – Севилја. Се разбира дека станува збор за Иван Ракитиќ, репрезентативецот на Хрватска и член на Севилја.

Да потсетиме, неговиот тим го победи Леванте со 2:3, но на 1:2 домашниот фудбалер Моралес не погоди од пенал. По завршувањето на средбата Морале плачеше како мало дете, знаеше дека можеби тој пенал ќе го одведе Леванте во Втора лига. Тогаш до него дојде Хрватот, го прегрна Моралес и неколку моменти го тешеше.

Фантастично…погледнете…

 

ПретходноДончиќ во едно поинакво издание: Скокаше покрај теренот, ги нервираше фановите на Јута (ВИДЕО)
СледноПретседателот на Шкупи: Во БиХ бев опкружен со лопови, во Македонија работите се поинакви!