Јоновски доби нов договор, во Интерактив останува до 2024 година!

482

Поранешниот македонски репрезентативец и сегашен член на стручниот штаб на нашиот најдобар национален тим, Ацо Јоновски останува на клупата на Интерактив (поранешен Ратинген).

Оваа информација и официјално ја потврди германскиот тим на својата страница. Од клубот велат дека се задоволни од Јоновски и неговата работа, па тој доби договор до 2024 година. Интерактив се наоѓа на првото место на табелата во регионалната лига.

„Многу сме среќни што Аце ќе остане дел од нашето семејство. Тој е апсолутен ракометен стручњак и соработката ја карактеризира голема доверба. Сигурни сме дека со Аце ќе ги оствариме сите наши спортски цели. Тој е полн погодок за сите во тимот“, изјавија од клубот.

На почетокот на оваа година соработката ја продолжи и поранешниот македонски репрезентативец, Филип Лазаров, кој е помошник на Јоновски.

ПретходноСалах отворено за Ливерпул: Денот кога ќе си одам…
СледноСавевски: Убаво е да се види како ракометарките се трудат, се жртвуваат на теренот!