Баерн уште денес може да ја освои десеттата титула по ред

118

Екипата на Баерн Минхен уште денеска може да ја освои десеттата титула по ред во Германија. Во 18:30 часот ќе игра со главниот конкурент за првото место Борусија Дортмунд и во случај на победа ќе бидат шампиони.

Четири кола пред крајот тимот на Јулијан Нагелсман има предност од девет поени пред вториот Борусија Дортмунд, а во случај на нерешен резултат на „Алијанц арена“ ќе ги сочува теоретски шансите на „жолто-црните“ за првото место, а за Баерн тоа ќе значи дека ќе им треба само уште бод од следните три меча за да седнат на престолот.
„Баварците“ се решени да ги решат работите уште во сабота, со тоа што ќе ја запишат осмата победа по ред над големиот опонент.

Ако повторно стане шампион, Баерн ќе ја продолжи тоталната доминација во Бундес лигата. Тоа ќе биде десетта победа по ред и општо 32. титула за гигантот од Минхен.
А ветеранот Томас Милер по 11-ти пат ќе се закити со златниот медал, додека голгетерот Роберт Левандовски ќе стане шампион по 10-ти пат, а тој има и две титули со Дортмунд од 2011 и 2012 година.

БУНДЕС ЛИГА, 31.КОЛО
САБОТА
15:30 ч.
КЕЛН – АРМИНИЈА
АЈНТРАХТ – ХОФЕНХАЈМ
ФРАЈБУРГ – МЕНХЕНГЛАДБАХ
ГРОЈТЕР ФУРТ – ЛЕВЕРКУЗЕН
РБ ЛАЈПЦИГ – УНИОН БЕРЛИН
18:30 ч.
БАЕРН – БОРУСИЈА ДОРТМУНД
НЕДЕЛА
15:30 ч.
БОХУМ – АУГЗБУРГ
17:30 ч.
ХЕРТА – ШТУТГАРТ

ПретходноТухел: Немам објаснување за многуте примени голови
СледноРангник потврди: Погба заминува од „Олд Трафорд“