И Рангник изненаден зошто Роналдо не го шутираше пеналот против Арсенал

739

Кристијано Роналдо денеска не сакаше да го изведе пеналот за Манчестер Ј. на гостувањето кај Арсенал, иако добил дозвола и таков бил договорот со менаџерот Рангник. Откако Манчестер Ј. се доближи на 2:1 на гостувањето во Лондон, гостите добија пенал, но Бруно Фернандеш очајно шутираше и ја погоди стативата.

Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Ралф Рангник по мечот објасни зошто Роналдо не сакал да го изведе пеналот денеска.

„Го прашав Кристијано по натпреварот зошто не го изведе пеналот и зошто му го препушти на Бруно Фернандеш. Ми кажа дека едноставно немал добро чувство, па сметал дека е подобро некој од соиграчите да ја изведе најстрогата казна. На крајот тоа беше Бруно Фернандеш, но овој пат, за жал, тој не постигна гол“, објасни Рангник.

ПретходноРакометарите на Барселона на пет кола пред крајот станаа шампиони
СледноМеси „тресеше“, ПСЖ до бод со Ленс доволно за заверка на титулата! (ВИДЕО)