Завршува љубовта меѓу Пол Погба и Манчестер Јунајтед. Францускиот фудбалер по втор пат ќе го напушти „Олд Трафорд“, а второто заминување скапо ќе го чини клубот. Јунајтед го купи за 105 милиони евра, а сега тој заминува без обештетување. А Погба успеа во вториот мандат да биде многу полош отколку во првиот.
Заминувањето го потврди и актуелниот тренер Ралф Рангник.
„Како што стојат работите, Погба нема да го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед. Тој најверојатно нема да биде тука идната сезона“, рече Рангник.