Вечерва со почеток од 22:00 часот на стадионот „Ла Картуха“ во Севиља ќе се одигра финалето на Купот на Шпанија, а за трофејот се борат Бетис и Валенсија. „Зелените“ од Севиља ќе го бркаат трофејот на стадионот на градскиот ривал, а имаат шанса за прв пат по пауза од 17 години да го освојат Купот.
Бетис има два трофеја од Купот во историјата, едниот од сезоната 1976/77, другиот во сезоната 2004/05.
Валенсија има осум трофеја од Копа дел Реј, а последниот им е од сезоната 2018/19.
Како изгледаше нивниот пат до финалето? Бетис ги победи Аликанте и Талавера во првите две кола, потоа Ваљадолид (3:0), па градскиот ривал Севиља (2:1), па Сосиедад (4:0) и во полуфиналето беше подобар од Рајо Ваљекано (2:1 гости, 1:1 дома).
Валенсија имаше нешто полесни противници. Во првите три кола ги победи Утриљас, Арентиро, Картагена, следуваше осминафинале пртив Атлетико од Балеарските острови (1:0), потоа Кадиз во четвртфинале (2:1), а во полуфиналето беше подобра од Атлетик Билбао (1:1 во гости, 1:0 дома).
Вечерва е 120. издание на Копа дел Реј.
Бетис вечерва ќе нема помош од Камараса и Монтоја поради повреди, а кај Валенсија вон стројот поради повреди се Габриел Паулиста, Гомез, Гонзало Гуедеш и Лато.
⚪️ Valencia
🟢 Real BetisWho lifts the Copa del Rey this weekend? 🇪🇸🏆 pic.twitter.com/SqTSbWiPfZ
— LiveScore (@livescore) April 22, 2022