Арсенал го покори Јунајтед (ВИДЕО)

130

Тимот на Арсенал покажа и на дело дека во моментов е поквалитетен тим од Манчестер Јунајтед. Во директниот дуел за што подобар пласман на табелата во Премиер лигата, „Топџиите“ предмалку на домашен терен успеаа да слават против Јунајтед со конечни 3:1, и на тој начин дефинтиивно да покажат за што е способен.

По само три мунути игра, на очигледната грешка на дефанзивците на Јунајтед, Таварес поггодува за донашно водство, за да во 32. минута Букајо Сака зголеми на 2:0.

Кристијано Роналдо пред полувреме намалува на 2:1, со погодокот кој го посвети на својот починат син, за да на стартот на второто полувреме главниот арбитар досуди најстрога казна за гостите. Бруно Фернандеш ја презеде одговорноста, но кога не оди, не оди. Го погоди десниот голманов дирек, и не успеа да израмни. Само неколку минути подоцна, Кристијано Роналдо постигна втор гол на овој меч но сантиметри беше во офсајд.

Конечно, дилемите околу победникот на овој меч ги реши Гранит Џака, со погодокот во 70. минута, по што Јунајтед немаше повеќе сила за ништо.

Со овој триумф Арсенал дојде до 60. бод, со што застана на четвртата позиција, односно последната која води во Лигата на Шампионите. Од друга страна пак, Јунајтед е шести со 54. бода.

ПретходноТешка несреќа во ВРЦ шампионатот (ВИДЕО)
СледноЧави: Ние сме во пост Меси ерата и мора да бидеме трпеливи (ВИДЕО)