Бурно во Спортинг: Го обвини тренерот дека го исфрлил од тимот затоа што пости

404

Алжирскиот напаѓач Ислам Слимани со објавта на Инстаграм ги разгоре работите во Спортинг откако го обвини тренерот Рубен Аморим дека го исфрлил од екипата затоа што пости.
Искусниот напаѓач не беше во екипата во полуфиналниот реванш од Купот против Порто и првенствениот натпревар против Тондела, а мораше да се задоволи само со половина час игра против Бенфика.
А пред тоа на пет натпревари постигна четири гола и покажа добра форма, а Аморим неговото отсуство го оправда со слабите тренинзи на Алжирецот.
Повикани се тие што најдобро тренираат и играат. Тие ризикуваат и така ќе биде додека сум јас овде. Тренингот е многу важен“, порача тренерот на Спортинг.
На тоа реагираше Слимани со фотографија и порака:
Без јадење и пиење, секогаш вредно тренирав за својот клуб. Никој тоа не може да ми го одземе“.
Слимани пости од 1 април, а од тогаш алжирскиот напаѓач одиграл вкупно 45 минути за Спортинг.

ПретходноAтланта со кош во финишот го совлада Мајами, Милвоки поведе против Чикаго
СледноТухел: Немам објаснување за многуте примени голови