Вардар 1961 со половина сили сигурен против Бутел Скопје

142

Вардар 1961 го одигра заостанатиот меч со Бутел Скопје во рамките на плеј-офот, кој беше одложен поради смртта на Денис Тот. Актуелниот македонски првак го освои сите бодови, на домашен терен славеше со 25-21 (10-10).

Давид Дејвис на овој меч не сметаше на услугите на Тимур Дибиров, Жереми Тото, Дарко Џукиќ и Кевин Њокас, но тоа не беше причина за да „црвено-црните“ дојдат до нов триумф.

Гостите пружија силен отпор, на полувремето успеаја да израмнат на 10-10, откако претходно Вардар имаше предност од 9-5. Сепак искуството беше на страната на бранителот на титулата, со половина сили брзо го наметна своете темпо, во последните две минути поведе со 25-19 за печат на триумфот.

Моралес запиша седум гола, Карапалевски и Талески имаа по четири, еден помалку постигна Оливие Њокас. Кај гостите Митев беше стрелец на пет погодоци, Мајиќ имаше четири.

ПретходноИСТОК: Победа има „жешко“ гостување, Беласица се спрема за нова голеада, Виничани на мегдан со соседите…
СледноРоналдо уште против Арсенал може да испише историја