Тајсон Фјури и натаму е светски боксерски првак во тешка категорија во ВБЦ верзијата. Вечерва пред 100.000 гледачи на “Вембли“ во Лондон, во еден ретко виден спектакл, “Кралот на Циганите“ во 6.рунда со класичен нокаут, со максимално прецизен аперкат, успеа да го победи Дилијан Вајт и беше поуспешен во битката за Британија.
Уште еднаш се покажа дека Фјури и натаму е најдобриот во светот, дека засега нема конкуренција. Тој најави дека по оваа борба ќе се повлечем, но дали ќе биде така останува да се види.
Откако и официјално прогласен за победник од страна на судиите, откако му честитаа сите тој имаше свое шоу пред фантастичните 100.000 гледачи.
Навистина имаше што да се види, веројатно ова беше историски бокс меч, сепак да видиме како ќе се одвиваат настаните во следните месеци. Дали ова беше последната борба на Фјури, или пак тој непобеден ќе се повлече од рингот каде што владееше долго време.
TYSON FURY JUST DID THE DANG THING 🤯 #FuryWhyte pic.twitter.com/TzcQhlvO5r
— Top Rank Boxing (@trboxing) April 23, 2022