„Имаш 72 часа да го напуштиш Јунајтед, во спротивно ќе го разнесеме твојот дом“

509

Навивачите на Манчестер Јунајтед искажаа големо незадоволство од настапите на најскапиот дефанзивец во светот. Неговите грешки се катастрофални, па одлучија да реагираат и тоа жестоко.

Хари Мекгваер доби сериозни закани, дел од фановите му дадоа ултиматум од 72 часа да го напушти клубот, во спротивно ќе постават бомби во неговиот дом.

„Имаш 72 часа да го напуштиш тимот или трите бомби кои се поставени во твојот дома ќе експлодираат“, откри капитенот на Јунајтед по лошиот настап против Ливерпул, дуел кој неговиот тим го изгуби со 4-0.

Тој веднаш заканите ги пријавил во полизција, екипи го проверија неговиот имот, на голема среќа нема ниту една ескплозивна направа.

Оваа сезона настапи на 35 натпревари во сите лиги, постигна два гола, а она што го прикажува е далеку од 80 милиони фунти.

Јунајтед оваа сезона не ги исполни очекувањата иако се врати и Кристијано Роналдо, по завршување на сезоната ќе следи целосна реконтрукција на составот, а за неа ќе биде задолжен новиотТен Хаг.
ПретходноПМФЛ: Супер – дерби под Шара, Тиквеш против Борец ќе оди по нови бодови…
СледноЗАПАД: Дали шансата на Вардар се вика – Тетекс?