Интер ја „преслуша“ Рома и се врати на чело во Серија А (ВИДЕО)

117

Фудбалерите на Интер славеа убедливо со 3:1 во дербито на колото во италијанската Серија А на домашен терен против Рома. Оваа победа ги врати момците на Симоне Инзаги на врвот на табелата пред градскиот ривал Милан.

Интер отвори со голот на Думфрис во 30. минута, за само десет минути подоцна со голот на Брозовиќ домашните да поведат и со 2:0.

Во второто полувреме Интер повторно тргна силно, па по само 7 минути со голот на Лаутаро Мартинез имаше предност и од 3:0. Гостите успеаја во финишот да притиснат, а Мхитарјан со еден убав погодок во 84. минута и да намали на 3:1.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноНовак Ѓоковиќ доби дрес од Кирил Лазаров (ФОТО)
СледноУбедлив триумф за Валенсија, „петка“ за Димитријевиќ