Кесар го уништи ТФТ, Пелистер незапирлив во Битола

80

Пелистер продолжи во победнички ритам, на домашен терен го совлада ТФТ со убедливи 83-64 во вториот меч од Супер-лигата. Со новиот триумф, „зелените“ се зацврстија на врвот, а на гостите им Скопје им порачаа дека во Битола само еден е газда.

Кесар со 26 поени го предводеше својот тим до убедливиот триумф, Стајиќ имаше 13 поени и 8 скока, Пајиќ 12, додека 11 запиша Ѓуроски. Мичел имаше 13 поени, Николов 12 кај гостите.

По речиси изедначена игра во првото полувреме (44-41), кошаркарите на Пелистер водени од одличната атмосфера на трибините во креакција на „Чкембари“ лесно го урнаа отпорот на противникот во третата четвртина. Во овој дел од мечот, битолчани постигнаа 21 поен, на другата страна ТФТ имаше само девет.

Во последните десет минути, домаќинот влезе во позитива од 16 поени (65-49), на другата страна актуелниот освојувач на Купот на Македонија немаше решение за игратата на Пелистер.

На две и пол минути до крајот на оваа средба на семафорот стоеја убедливи 80-60 за крајн на сите надежи кај гостите, ако воопшто ги имаше.

ПретходноИСТОК: Виничко славје во Кочани, нови бодови и за Победа и Беласица, Кожуф броеше до седум
СледноСедло е човек – ТИТУЛА: Ова е новиот првак, ова е ШКУПИ!