ПСЖ од вечерва и официјално е шампион на Франција, тој ја врати титулата во Лига 1 по само една година откако лани Лил беше најдобар.
Вечерва на “Паркот на принцовите“ на момците на Маурицио Покетино им беше доволно и реми од 1:1 против Ленс за да и математички стават печат на титулата. Сега тие имаат +16 бодови а Марсеј до крајот може да освои максимално 15 бодови.
Инаку “светците“ дојдоа во водство од 1:0 со голот на Лео Меси во 68.минута, тие имаа и играч повеќе по црвениот картон на Дансо. Но сепак Ленс успеа во 88.минута преку Жан да израмнат на 1:1 и да го избегнат поразот. Инаку ова е 10-та титула во историјата и осма во последната деценија.
Но и ова не ги задоволи фановите на ПСЖ, интересно дел од нив предвреме си заминаа од “Паркот на принцовите“.