ПМФЛ: Супер – дерби под Шара, Тиквеш против Борец ќе оди по нови бодови…

200

 

За денеска од 16 часот закажани се четири меча од 29.коло во ПМФЛ. Јасно е дека сите погледи се свртени кон Чаир каде, ако Шкупи ја победи Ренова, ќе се слави титула.

Сепак дербито на колото се игра под Шара, во него се среќаваат Шкендија и Македонија ЃП. Тетовци од денеска и официјално веќе немада бидат шампиони, но тоа е познато одамна, сега тие се во битка за излез во Европа. И затоа ќе мора денеска да триумфираат протов “лавовите“.

Свој коментар за овој меч  има Андре Менсалао, играчот за врска на Шкендија…

Веќе сме во финишот на првенството, и затоа секој меч што доаѓа е поважен од претходниот. Македонија ЃП игра одлично, нема да биде лесно, но нам  дефинитивно ни треба победа. Очекувам серија победи во самиот финиш на сезоната“ истакна Бразилецот.

Во Кавадарци се среќаваат Тиквеш и Борец, тоа ќе биде меч во кој домашните посакуваат победа и продолжување на добрата серија. Струга ТЛ игра дома со Пелистер. Ова ќе биде дуел на двете екипи кои во средата беа елиминирани во полуфиналето во Купот на Македонија, па ете шанса за каква – таква рехабилитација.

Вчера А. Пандев ја победи Ренова со 2:1, додека Работнички со поразот од Скопје со 0:1 ја закомпликува ситуацијата во битката за опстанок. Сега Тиквеш и Скопје си ја гледаат шансата за избегнување на местата кои водат во баражот, сега тие посакуваат директен опстанок.

ДВОЈКИ ЗА 29.КОЛО – ДЕНЕСКА 16 Ч

ШКУПИ – РЕНОВА

ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП

ТИКВЕШ – БОРЕЦ

СТРУГА ТЛ – ПЕЛИСТЕР

ВЧЕРА:

РАБОТНИЧКИ – СКОПЈЕ 0:1

А.ПАНДЕВ – БРЕГАЛНИЦА 2:1

ТАБЕЛА

Шкупи 68, А. Пандев 58 (+1), Шкендија 53, Македонија ЃП 53, Брегалница 39 (+1), Ренова 38, Работнички 37, Струга ТЛ 36, Скопје 29 (+1), Тиквеш 27, Борец 18, Пелистер 10.

ПретходноТен Хаг до играчите на Јунајтед: Јас кажувам кој што ќе игра и тоа мора да се почитува
Следно„Имаш 72 часа да го напуштиш Јунајтед, во спротивно ќе го разнесеме твојот дом“