На аргентинскиот офанзивец Пауло Дибала на крајот на сезоната ќе му истече договорот со Јувентус. Италијанските медиуми веќе на големо пишуваат дека 28-годишниот фудбалер ќе го напушти тимот. За него заинтересирана е Рома на Жозе Мурињо.
Дибала, кој во торинскиот тим дојде во 2015 година од Парма, се уште нема донесено одлука. Има понуди од Шпанија, но и од Италија, и тоа од Интер. Но, кога би бирал меѓу Рома и Интер, од почит кон Јувентус, би го облекол дресот на римската волчица.
Оваа сезона на 33 натпревари постигна 13 гола и шест асистенци во сите натпреварувања.