Роналдо уште против Арсенал може да испише историја

141

Кристијано Роналдо е во почетниот состав на Манчестер Јунатед, дуел кој веќе е почнат, а противникот води со 1-0. Португалскиот фудбалер уште денеска може да испише историја, му фали уште еден гол за да дојде до бројката од 100 погодоци во Премиер-лигата.

Роналдо на овој начин во четири различни натпреварувања ќе успее да ја мине бројката од над 100 гола. Неодамна ја минаа оваа граница во дресот на националниот тим (115), стана најдобар стрелец на сите времиња. Тој има најмногу погодоци во Лигата на шампиони (140), додека во шпанското првенство е втор најдобар стрелец со 311 гола во дресот на Реал Мадрид.

ПретходноВардар 1961 со половина сили сигурен против Бутел Скопје
СледноХаланд чека на Мбапе за да го исполни сонот!