Седлоски: Покажавме дека сме најдобри, честитки за сите во Шкупи и за нашите фанови!

388

Гоце Седлоски има право да биде задоволен. Под негово водство Шкупи по пауза од 21 година одново е шампион во ПМФЛ. Да, тој човек – титула. Ова му е трета титула во Македонија како тренер, и има една со Вардар како директор и две како тренер.

За „Спортмедиа“ по завршување на мечот Седлоски имаше што да каже…

Прво одигравме тежок меч со Ренова од психолошки аспект. Кога нешто се мора се разбира дека е најтешко, но ако, вака можеби е послатко.Во финишот постигнавме два гола и ете победивме, а таа победа ни ја донесе и официјално титулата. Што да се каже во овој славенички момент. Едноставно бевме најдобри, покажавме дека сме најдобриот тим во Македонија. Одигравме најквалитетно,и кога е така тогаш заслужени сме прваци. Секако дека честитките одат кај играчите, потоа моите соработници од стручниот штаб, секако раководството и нашите фанови. Сега е време за славење“ потенцираше стратегот на новиот шампион.

ПретходноСити си поигруваше со Ватфорд, Жезус со “четворка“! (ВИДЕО)
СледноНовак Ѓоковиќ доби дрес од Кирил Лазаров (ФОТО)