Седло е човек – ТИТУЛА: Ова е новиот првак, ова е ШКУПИ!

2686

Кога сакаш да биде шампион го назначуваш Гоце Седлоски за тренер и ете ти титула. Така и со Шкупи. Некаде при крајот на минатата сезона, чаирчани го повикаа Седло, тој прифати ама по еден услов. А тој беше од него да се бара титула наредната сезона. Така и беше.

И таа наредна сезона, поточно оваа, Седло му ја донесе титулата на Шкупи. Чаир по четврти пат во самостојна е со шампионско славје попладнево, а Седло со својата трета титула во ПМФЛ, претходно две со Вардар (2016 и 2017) станува еден од нашите најтрофејни тренери во историјата.

Чаир е во екстаза. По цели 21 година нивниот омилен тим од оваа скопска населба слави титула.

И тоа пред една Шкендија која пред стартот на сезоната беше посочувана како најголем фаворит.

Сепак Седло покажа како треба со Шкендија, онака како што беше уште од времето во Вардар кога исто така во два наврати како тренерм и еднаш како директор, беше пред тетовци.

Секако, покрај Седло за ова се заслужни и играчите, раководството, целиот стручен штаб и секако публиката, “шверцерите“.

Ете тоа, го викаш Седло за тренер и стануваш шампион.

ПретходноКесар го уништи ТФТ, Пелистер незапирлив во Битола
СледноСити си поигруваше со Ватфорд, Жезус со “четворка“! (ВИДЕО)